Кога се фокуситате на тоа што недостасува...

Светот во кој живееме објективно е ист, но секој од нас го доживува на свој начин. Начинот на кој психата го организира искуството и ја толкува реалноста за секој од нас е посебен, така што секој ја живее својата внатрешна и надворешна реалност. Дури и кога сте задоволни од својот живот и кога сè околу вас е добро, постои голема можност дека нешто ќе ви недостасува. Секогаш постои некоја дупка што треба да се пополни.

Вашата преголема насоченост кон тоа што го немате, што ви недостасува или сте го пропуштиле, односно што би можеле да го работите, наместо тоа што сега го работите, само ви троши големо количество енергија а исто така си ги уништувате слободното време и уживањата што би ги имале. Ако постојано се стремите кон тоа што го немате, на пример, непрекинато размислувате за своите незавршени работни задачи, тогаш нема да можете да почувствувате задоволство од тоа што веќе сте го сработиле. Или ако сте насочени да добиете внимание и потврда од личност која не ви го дава тоа, ќе пропуштите да забележите колку другите несебично ви го даваат тоа. 

За да си помогнете, треба да научите како да го почитувате тоа што веќе сте го постигнале и го имате и добро да се чувствувате поради тоа. Пред да си поставите нови цели, треба да имате јасна слика за своите успеси. Така ќе се здобиете со самодоверба и самопочит или ќе ги зајакнете. Со фокусирање на она што го немате, си создавате чувство на празнина. Поставете си цел кон која ќе се стремите и кога ќе ја постигнете, научете како да уживате во неа. И зошто тогаш таа убава и хармонична целина би ја расипувале со размислуваања за тоа дека, можеби, некаде, на некое друго место постои нешто подобро, поубаво? Можеби и постои. Но во мометов, додека сте насочени кон она што го работите, дали воопшто е важно тоа? Најважно од сè е она што вие ќе одлучите да бидете.