Последици од долготрајна емотивна исцрпеност

Доколку еден подолг временски период сте анксиозни, може да ви се причини дека сте попримиле одредени наизглед чудни особини и дека засекогаш сте се „измениле“. Всушност, сте станале: неодлучни, сугестибилни (пред сè автосугестибилни), сте ја загубиле самодовербата. Потоа, имате чувство како личноста да ви се распаѓа, се чувствувате депресивно, а ве окупираат и опсесивни мисли. 

Сето ова е последица на доготрајната анксиозна состојба во која се наоѓате. И уште нешто. Појавата на една последица го продуцира појавувањето на другата и така по ред. Неодлучноста најверојатно многу ве исцрпува. Доволно е да помислите само на еден аспект на некој проблем и емотивно да се врзете за неговото решение. Веднаш после тоа, може да помислите и на целосно спротивен аспект на проблемот, па и за него емотивно да се врзете со ист интезитет како за првиот. Заради вашата неодлучност, почнувате да се вртите кон други луѓе и ним почнувате повеќе да им верувате отколку што сами на себе си верувате.

Понекогаш станувате подложни и на автосугестија, како никогаш да нема да се опоравите. Целата ситуација ви станува збунувачка и не знаете дали да си верувате себеси или на другите и дали воопшто на некој треба да му верувате. Оттаму не е необично што следно нешто што настапува е губењето на самодовербата. После оваа етапа, настапува дезинтеграција на личноста, односно „распаѓање на сопствената личност“. Чувствувате како на некој чуден начин да сте се изгубиле себеси, како сте го изгубиле своето„јас“ Ова не треба да ве плаши, затоа што е субјективна, погрешна престава. Вашата личност во вистинска смисла на зборот не е распадната. Сето ова е последица на доготрајниот страв и тензичност и вашиот ум се обидува на рационален начин да си објасни самиот на себе што се случува со телото. Тоа создава илузија на дезинтеграција.

Прифатете ги сите овие чудни особини кои можеби сте ги попримиле и сфатите дека кога вашите емотивни реакции ќе се смират, повторно ќе се чувствувате „интегрирано“. Со текот на времето ќе ви се врати самодовербата и ќе се чувствувате похармонизирано.

Терапија. Ако во ова не успеете, побарајте стручна психолошка помош.