Непријатни емоции и конфликтни ситуации

Кога ќе се најдете во некаква конфликна ситуација, доживувате бројни непријатни чувства. Во основа, луѓето и одбегнуваат да влезат во конфликт, само за да не се соочаат со својот страв, лутина, бес, тага, недоверба. Ваквите емоции произлегуваат од бројните претпоставки и очекувања што ги имате за тоа што другиот ќе направи, или како треба да се однесува.
 
Конфликтите, (под претпоставка дека она што е предмет на судирот за вас нема особено значење, а имате и работа со насилник), не треба да се одбегнуваат. Само така ќе можете да го решите проблемот, да се изборите за своите права, или да ги задоволите своите потреби. Дека ова е точно, говори појавата на чувството на незадоволство, кое се јавува секогаш кога конфронтирањето ќе се одбегне. Дого време потоа, се оптеретувате со тоа што во таа прилика сте можеле да направите и да кажете, а не сте го направиле.

Дали во сите конфликни ситуации појавата на непријатните емоции е неминовна? Да, иако има поединци кои тврдат дека остануваат ладнокрвни. Всушност и тие имаат емоции, само што ги негираат, потиснуваат, негираат. Веруваат дека ако се појави некакво чувство на кое и би му се препуштиле, тоа би било знак на нивна слабост. На пример, тагата и болката се доживуваат како длабоко интимни чувства. Луѓето ги задржуваат во себе, зошто нивното искажување пред другите, особено во конфликна ситуација, би било сфатено како нивната немоќ.

Или на пример, стравот. Тој ќе се појави ако се сомневате во сопствените способности да се носите со проблемот. Или очекувате дека во судирот ќе бидете осуетени, загрозени, понижени, повредени, дека ќе останат незадоволени некои ваши потреби. Стравувате да не ги нарушите односите со другиот, да не го повредите, или да не излезете како поразени. Лути и бесни ќе станете, ако другиот постапуваа грубо и некоректно, се заканува, лаже, ги осуетува вашите потреби.

Непријатните емоции ќе може да ги исконтролирате доколку однесувањето на другиот го сфатите како реакција која произлегува од конфликната ситуација, а не како личен напад врз вас. За да не ја загубите довербата еден кон друг, не дозволувајте конфликтот да ескалира. Така, другиот нема да го гледате како непријател од кој се може да се очекува, и дека ништо нема да го спречи да ја постигне сопствената цел. За да научите да ги решавате конфликните ситуаци. побарајте стручна психолошка помош.