Емотивна глад - со храна се пополнува емотивната празнина

Емотивната глад вклучува различни прехрамбени навики и различни мотиви и емоции кои ја следат потребата за земање храна и тоа најчесто во големи количини. Станува збор за соочување со досада, немир, лутина, депресија. Емотивната глад, не значи дека апсолутно зависи од серионите психолошки проблеми или внатрешни конфликти, зошто и секојдневните емоции може да го стимулираат претераното земање храна, понекогаш и на компулсивен начин.

ТАГА - тагата потекнува од реалната анализа на некој непријатен настан, губиток или разочарување. Ситуацијата може да се процени на еден ирационален и катастрофален начин со појава на бројни споредни чувства, како слабеење на самодовербата, песимистичниот поглед на иднината, недостаток на енергија и сексуална желба, промена на апетитот, тежината. Тогаш храната има за цел да ги победи овие непријани емоции и доживувања. 

НЕМИР - Немирната личност се обидува со храната да го ублажи потењето, возбуденоста и напнатоста. Меѓу немирот  и храната постои причинско - последицна поврзаност, особено ако тој е  е во корелација со стравот или  грижата пред иден непријатен или опасен настан.

ЗДОДЕВНОСТ - За некои,  храната преставува единствен легитимен начин за прекин на досадата, односно ситуациите во кои личноста и не знае што друго да прави, освен да јаде.

ОСАМЕНОСТ - Храната се користи како замена за нешто кое недостасува, на пример пријатели, партнер. Растот на телесната тежина, на жалост ја влошува оваа ситуација, зошто растат и потешкотиите во воспоставувањето на соосдветен однос со околината.

ЛУТИНА - Прејадувањерто може да биде предизвикано и со лутина во форма на нерасположение, љубомора, огорченост, фрустрации. Прејадувањето преставува начин преку кој се поднесува репресивната лутина, што е доживеан начин кој не е отворено покажан. Понекогаш претераното внесување храна не е начин на смирување на лутината, туку напротив е начин на  нејзино изразување.

Ако храната преставува нашин на пополнување на вашата емотивна празнина, ви препорачуваме да побарате стручна психолошка помош.