Кога вашиот адолесцент е под стрес

Кога ќе се спомене стрес, многу од родителите не ни помислуваат дека тој може да се однесува на нивниот адолесцент, токму затоа што стресот го врзуваат за грижи за пари, работа, обиди да се вклопат во работата, семејниот живот, брачни проблеми... што припаѓа на светот на возрасните. Под каков стрес може да биде адолесцентот?
 
Тука е притисокот да има добри оценки, притисок меѓу врсниците да ги имаат „оние вистински“ работи (брендирана гардероба, патики, мобилни), како и да се вклопат и некогаш да прават работи кои се ризични и кои всушност и не сакаат да ги направат. Некогаш, тука е притисокот да се биде во точно одредена „екипа“, добро да изгледаат, да се однесуваат „повеќе како возрасни“ (во смисол на независност и сексуално искуство), од она што навистина се подготвени да го направат.
 
Проблемот со кој се соочуваат повеќето родители е тој што адолесцентот нема дирекно да им каже каков проблем го мачи. Многу адолсценти не се ни навикнати своите проблеми да ги вербализираат, особено не во детели, па само од неговото однесување може да заклучите дека нешто не е во ред. Еве некои знаци кои укажуваат дека има проблеми: сè помалку се гледа со пријателите и сè повеќе време сака да биде сам. Станува сè позависен од вас, иако и понатака не ви говори за проблемите. Го губи апетитот, смета дека лошо изгледа или дека е неспособен, максимално се труди да го одбегне училиштето и тоа по најчудни можни иозговори.  Изнесува сè  повеќе и повеќе барања, што се однесува до вашето внимание.
 
Поводот за грижа кај адолесцентот може да биде поинаков него кај возрасните, дури може да им делува за несериозен, што за него тоа не е. Не говорете му дека претерува, не ги омаловажувајте неговите чувства, така што ќе му кажете дека сето тоа ќе мине. Подобро е да му покажете дека го разбирате дека сега се чувствува многу повредено. Добро е да покажете увереност дека сето тоа ќе мине. Одржувајте ја вообичаената рутина, работите да изгледаат нормално. Не дозволувајте не одење и бегање од училиште.
 
Охрабрете го со вас да разговара, но на тоа не го присилувајте. Ставете му до знаење дека сте подготвени да го сослушате и со него да разговарате секогаш кога тоа ќе му биде потребно. Може да помогне доколки и вие кажете за слични проблеми кои сте ги имале на негови години и како вие тогаш сте се чувствувале и како сте ги решиле. Не би било лошо, баш кога е под стрес, да не се обидувате за нешто го „гњавите“, како на пример за оценките.Ако сами не успееете во сето ова, побарајте стручна психолошка помош