Мотивација


Немојте да се откажувате. Пробајте сè она што до сега не сте пробале. Кога бевме деца, ние пробувавме различни работи додека сè додека не успееме, зарем не?

Сетете се само како научивте да одите или да возите велосипед.... А, сега? Зошто сега не пробувате да го направите тоа што го сакате? Што најлошо може да се случи? Немате одговор на ова прашање? Тогаш, не ви преостанува ништо друго, туку повторно да станете радознали и да тргнете во потрага. Ако работите не функционираат на еден начин, тогаш пробајте нешто друго. Ако до целта неможете да дојдете по еден пат, одберете друг. Можеби, се наоѓате многу поблиску до целта, отколку што мислите дека сте.


Повеќето луѓе не го добиваат тоа што го сакаат, пред сè поради две причини: прво: не знаат што сакаат и второ: и да знаат што сакаат, не се подготвени да донесат одлука и да направат избор.

Голем број луѓе имаат потешкотии со правењето избор, заради стравот да не згрешат. Меѓутоа, Универзумот дава одговор на два начина: ,,Браво!“ или ,,Упс“-пробај повторно!

Ние секојдневно правиме корекции, односно ги исправуваме резултатите на нашите акции. На пример, кога возиме автомобил, постојано правиме корекции во зависност од сообраќајот. Кога пишуваме текст, ги бришеме или преформулираме речениците кои не ни се допаѓаат при повторното читање.

 
ПРЕВЗЕМИ АКЦИЈА

Сите мисли, афирмации и позитивни убедувања од овој свет, неможат да ви помогнат да ја создадете реалноста која ја посакувате, ако не сакате и ако не превземете акција во правец на остварување на посакуваниот резултат. Седејќи и чекајќи сè да почне да се случува, самото по себе, навистина не функционира во оваа реалност и во овој степен од нашиот развој.

Успешните луѓе  не веруваат дека можат да бидат успешни. Они тоа го знаат. Кога ќе станете свесни за своите способности да ги преобразувате своите мисли во физичка реалност (манифестација), ќе ги надминете поимите како што се: судбина, имање или немање среќа.