Самосаботирање

Кога сте лути, нерасполжени, кога заборавате да направите нешто, кога за себе говорите како за неспособна, некомпетентна, недостојна за било што личност, генерално или во врска со некоја животна тема, се самосаботирате. Кон животот воглавно имате негативен став. Сметате дека ништо не ви оди од рака, дека среќата вам не може да ви се случи. Се убедувате дека сте жртва, дека ништо добро не може да ви се случи, па така си ги упропастувате своите изгледи да успеете на работа, во учење, љубов, пријателства...

Работите против себе така што ја блокирате својата самоефикасност. Сето е ова самосаботирање, како што е во случајот кога нешто ќе си поставите како цел,  а ништо не пре
вземате таа да се реализира. Во основата на секое самосаботирање, лежи вашиот страв или недоволната самодоверба и сигурност да превземете некаква акција или да превземете нешто што сте планирале. Како да ја препознаете самосаботажата?

 

Размислете дали сте склони да го голтате своето незадоволство, повреденост и забелешки во врска со различни животни состојби и заради тоа депресивно сте расположени.? Или сте склони да премолчувате кога нешто не ви се бендисува, кога чувствувате дека ви е нанесена неправда или не го добивате тоа што го заслужувате. Ако е така, се самосаботирате. Размислете и околу тоа, кога себеси се доживувате како претерано скромна личност, дали и тоа не е самосаботирање? Тоа се оние состојби кога треба да ги покажете своите квалитети или кога на другите треба да им говорите за своите добри страни и таленти.

 

Самосаботирањето кое лежи во некоја ваша свесна или несвесна подвоеност, несигурност, во негативни и самоподринувачки ставови, не треба да го поистоветувате со автодеструкцијата каде личноста покрај желбата за самоповредување, има потреба и другите да ги повредува. Кои се класичните само саботирачки техники? Одложување, незавршување, заборавање, внатрешниот критичар, самосожалување и обинување други, враќање во минатото,  љубомора.

 

Со одложувањето и незавршувањето сè правите, како одреден проблем да не постои и се надевате дека тој самиот по себе, или некој друг ќе го реши. Заборавате на сè она што носи извесна напнатост и непријатност и сè она што ги шири границите надвор од вашата зона на комфор.

 

Внатрешниот критичар е оној саботерски  глас во вашата глава кој постојано ве подкопува со своите негативни мисли од типот: „глупав си, ти тоа не го можеш...“.

 

Самосожалувањето значи сами себе да си ја одземете силата и енергијата, па така и одговорноста да направите некоја работа, затоа што мислите дека сте јадни, неспособни, недоволно стручни...

 

Со обвинување други својата одговорност ја префрлате на партнерот, пријателот, државата...

 

Кога и да денес  доживеете некаков неуспех, се враќате во минатото и се сеќавате на другите неуспеси или на критичките зборови кои ви ги кажале родителите.

 

Љубомората  води до саботирање на сопствената врска со контрола на партнерот, проверување на мобилниот, со кавги, докажувања и слично.