За оние кои не се задоволни од својот живот

 
Дали кога во нешто нема да успеете, смислувате многу извинувања и изговори и наведувате како го чекате вистинскиот момент? Зошто се чувствувате немоќни и незадоволни, дозволувајќи некој друг да управува со вашиот живот?

За својот живот вие треба да ја преземете целата одговорност. Она што ви се случува е под ваша дирекна контрола. Ова сознание ви дава неограничена слобода на избор во она што ќе ви го даде саканиот резултат и можност за минимизирање на она што ќе ви даде несакан резултат. Во сето ова не треба да се однесувате пасивно и незаинтересирано. Наместо тоа, бидете проактивни и свесни.

Доколку во животот сакате постојано да се развивате, мора да ги отстраните сите блокади кои притоа се јавуваат. Една блокада која е многу честа, е „негувањето“ на чувството на беспомошност. Ваквото чувство особено е забележливо доколку сами за себе сметате дека со својот живот, со случувањата во него, особено со оние негативните, никако не успевате да се справите. Ништо страшно. Чувството на незадоволство од сопствениот живот, замор, дилеми може да им се случат и на оние кои за себе може да кажат  дека „седат позади воланот“  на својот пат кон успехот.

За да се преиспитате кои се причините за ова што ви се случува, ви даваме листа на можни причини за вашето незадоволство од животот. Ќе ги користиме термините „возило„ подразбирајќи го тоа како ваш живот, „управување со возилото“, како превземење одговорности за вашиот живот, „пат“ како животни насоки и слично. Размислете за следниве прашања, кои во себе ја содржат базата за вашите животни незадоволства:
дали сте свесни  или не сте, дека со својот живот, вие  управувате? Колку е вредно што си  говорите дека  седите во позиција на возач, но само кога сè е во ред, но не и кога работите ќе тргнат во погрешна насока. Можеби знаете дека вие сте возачот, но дали знаете, или незнаете, во која насока би сакале да одите?  Или, можеби сте тргнале во својот животен пат, но ви недостасува доволно силен мотив да продолжите по тој пат.

Возилото си има свои команди. Какви се тие во вашиот живот? Дали со нив знаете да управувате? А, дали ги забележувате знаците кои стојат на патот на вашиот успех, кои  имаат за „задача“ во тоа да ве саботираат? Можеби избраниот пат ви изгледа недоволно инспиративен, но до него се држите само затоа што ви е познат? А, дали во возењето помалку не  сте станале мрзоволни и невнимателни? Размислете и за вашето его кое можеби ве провоцира пребрзо да возите?

Ако сте се насочиле само на идните дестинации, во потполност ќе заборавите да уживате во убавините на тековните патувања. Дали другите ги обвинувате за сопствените грешки? А што ако ви недостасуваат напредни возачки вештини кои ќе ви овозможат подобро да управувате? Дали следите некои други луѓе за кои претпоставувате дека ќе знаат да тргнат, надевајќи се дека и вам таа дестинација ќе ви одговара? Престанавте да се грижите за вашето возило? А, дали премногу време минувате гледајќи во ретровизорот и во она што покрај вас, веќе изминало? Стаклото, дали тоа се извалкало и не можете патот  пред себе  да го видите? Можеби со себе водите патници кои не сакаат со вас одат во иста насока?

Доколку во повеќето наведени можни причини за вашето животно незадоволство се препознавте, а сами не знаете како со тоа да се справите, ви препорачуваме да побарате стручна психолошка помош.