Соочување со стравот

Дали е возможно ирационалниот страв да го победите? Не. Стравот неможете да го победите,  можете само да го надминете. Зошто тоа е така? Ако говориме за борба, тоа значи во конфликтот да учествуваат две страни. Победата на едната страна подразбира пораз на другата. Значи, ако говориме за стравот, да се победи стравот значи да се издвојува победа самиот над себе, односно себеси да се поразите. Тоа е парадоксално, значи е невозможно.

Стравот е дел од вас,  дел од оној кој се плаши. Оној кој се плаши, истовремено е и субјект и објект на стравот. Ако мислите дека стравот можете да го победите, значи не го признавате неговото постоење и не признавате дека вие сте тие кои се плашите. Тоа е одрекување на стравот. 

Кога својот страв не го признавате, се обидувате да го потиснете или елиминирате на сите можни начини. Проблемот е во тоа  што стравот како ниедно друго чувство во целост неможе да се потисне. Најчесто се случува спротивното- колку повеќе го потиснувате, толку тој повеќе ви се враќа во една или друга форма. Значи, потиснувањето на стравот, априори е осудено на неуспех (кога  овде говориме за страв не мислиме на реален страв, како на пример страв дека луто куче трча на кај вас и слично). Овде, говориме за ирационални, невротични стравови кои се подеднакво реални со тоа што постои разлика во објектот на стравот. Невротичните стравови се стравови од одредени идеи и мисли во кои личноста верува (а ги проценува како загрозувачки, опасни по себе) или чувства од кои личноста се плаши.

Ако стравот неможете да го победите, што тогаш со стравот да направите? Постои само еден конструктивен начин за третирање на стравот, а тоа е соочување. За разлика од потиснувањето  и негирањето, соочувањето со стравот подразбира негово прифаќање, откажување од одбегнување и освестувањето на она од кое се плашите. Соочувањето со стравот подразбира:

1. Промена на ставот спрема стравот. Ова подразбира прифаќање на следниве идеи: дека стравот не е опасен туку само непријатен,  дека може да се поднесе,  дека стравот самиот по себе не доведува до болест и дека може да се надмине со соочување и изложување, а никогаш со избегнување и потиснување. Стравот не е израз на слабост, туку соочувањето со него е израз на храброст. Тој е  нормална појава и е минлив.

2. Доаѓање до сознание од што навистина се плашиме. Никогаш не се плашите од ситуации ( како возење со лифт, висина, јавен настап...), туку од значењето кое на тие ситуации им го придаваме. Значењето (очекувања,  предвидувања,  заклучување за последиците), се тие кои ве застрашуваат, а не самите тие ситуации. Тоа значи дека најчесто се плашите од идеите во кои верувате, а не од непосредната реалност која ве опкружува. Кога еднаш ќе ги откриете и тие идеи ќе ги изговорите, тогаш сте во состојба на нив да влијаете,  да ги менувате или да ги корегирате.

3. Прифаќање стравот да се изманифестира во целост. Ова подразбира изложување на ситуации во кои стравот се чувствува, дозволување тој да се појави и останување во ситуацијата се додека стравот не мине. На овој начин самите себе си докажувате дека стравот не е опасен, дека можете да го поднесете и дека тоа ако се плашите нужно не значи дека самата ситуација е опасна.

4. Усвојување стратегии за соочување со стравот- учење што сè можете да превземете и направите додека со стравот се соочувате. Може да користите некои од техниките на дишење за да се реалаксирате или додека се излагате да ги оспорувате идеите со кои стравот го создавате и да ги замените со идеи кои се реалистични и со кои се охрабрувате.