Вашето дете реагира со лутина

Доколку вашето дете реагира побурно од своите врсници, се прашувате, што го предизвикува ваквото однесување? Проблемот ќе ви изгледа посложен, доколку како дете, сте научиле дека лутината е лошо чувство, заради која треба да чувствувате и вина. Ваквите погрешни убедувања всадени во детството, предизвикуваат уште потешко да се носите со лутината на вашите деца, а заради која што чувствувате срам, неспособност, безпомошност, измореност.

Детето реагира луто доколку се почувствува понижено, повредено, осамено, изолирано или кога чувствува страв, или кога се обидува со лутината да ви укаже дека нешто не е во ред. Ваквите емотивни доживувања, вашето дете не умее да ги препознае, не знае како со нив да се справи и сето тоа прави да се чувствува безпомошно. 

Се чувствува фрустрирано, а на фрустрацијата регира со лутина. Ако вашето дете е нагласено инаетливо, може да реагира луто, за да го контролира чувството на зависност и стравот од губиток. Реагирањето со лутина во случај кога детето е повредено со некаков губиток е начин со кој се ,,умртвува“ чувството на тага и безпомошност.

Лутина не е исто што и агресија. Лутината е чувство, а агресијата е начин на однесување. Објаснете му на вашето дете, дека лутината е прифатлива, но не и агресијата. За успешно да се носите со неговата лутина, прво мора да откриете што точно чувствува. Прашајте го што се случило, или зошто се чувствува така како што се чувствува.....

Доста често, детето ќе биде во состојба сосема точно да изнесе што чувствува. Понекогаш, ќе треба да му помогнете за да го опише чувството. Немојте на детето само да му кажете што не смее да прави. Кажете му и што е добро да направи во одредена ситуација. Ако применувате физичка казна за да на детето му „објасните“ што од него очекувате, веднаш со тоа да престанете. Од казната, не очекувајте позитивен ефект. Наместо неа, потребно е да му објаснувате, да го насочете неговото однесување и да поставите правила. Очекувајте, детето неколку пати ќе ги прекрши истите. Така, тоа учи кои правила се важни и сериозни, на кои ќе инсистирате, а кои смеат да бидат прекршени под одредени околности. Кршењето на правилата најчесто не е израз на лутина, туку начин на кој детето учи. Така, тоа учи кои правила се важни и сериозни, на кои ќе инсистирате, а кои смеат да бидат прекршени под одредени околности.

Поврзани блог статии