Стравот и клучните прашања поврзани со стравот


Кога сте во состојба на страв, на тескобност, си ги поставувате овие прашања: „што не е во ред со мене?“, „Што ќе се случи?“,  „Како од ова ќе се извлечам?“,  „Од каде да најдам пари?“...  Сакате да имате одговори на овие прашања? Секако, но кога и да барате одговори, под влијание на чувството на неизвесноста, тескобноста и стравот, ќе ги пренагласите ризиците и ќе видите само проблеми и негативни исходи.

Кои се изворите на чувството на тескобност? Тоа може да биде внатрешен несвесен конфликт, стрес, некакво трауматично искуство, неизвесноста, стравот од губиток, здраствени проблеми. Ова се само некои од провокаторите за настанувањето на тескобноста, па тогаш многу лесно запаѓате во замката на само осудување, страв и несигурност. Во тој затворен круг, многу лесно можете да подлегнете на стравот од себе, или имагинарна опасност. 

Прво треба да сфатите што се случува, да го идентификувате вистинскиот себеси и да сфатите дека внатрешниот немир само создава нови проблеми и стравови. Од овој круг може да излезете ако проблемите и иднината почнете објективно да ги набљудувате. Потребно е секој ден да следите што ви создава анксиозност, да ги забележувате негативните ставови кои во иднина треба да ги одбегнувате, да ги забележите позитивните кои треба да ве мотивираат. 

Забележете ги негативните размислувања, па по некое време проверете што лошо навистина се случило, а што е спротивно од вашите очекувања. Работите дочекајте ги со ,,отворен ум“ и сфатете дека може да се случи и нешто позитивно. Преместете ги мислите, од проблемите на решенијата. За тоа ќе ви треба да ги надминете негативнте прашања што си ги поставувате.

„Што не е во ред со мене“? Ова прашање произлегува од личната несигурност и самосомневање. Кога против ова се борите, често запнувате на спротивниот одговор: „со мене се е во ред“ и тоа трае само тој ден и следниот ден повторно почнувате да се сомневате. Лажниот одговор станува ритуал. Проблемот е во тоа што се обидувате да одговорите. Наместо тоа, запрашајте се зошто со ова прашање се занимавате.

Второто прашање: „што ќе се случи“, преставува страв од иднината, лична несигурност. Никогаш не знаете што ќе се случи ,но наместо да бидете загрижени заради тоа, мора сегашноста да ја живеете. Иднината за сите е непознатица, а со грижата и стравот ќе направите хипотетички можности и најлоши сценарија. Тие ќе исчезнат, кога вниманието ќе си го пренасочите на сегашноста.

Третото прашање „како од ова ќе се извлечам“, доаѓа од чувството дека сте заробени, па е важно да се создаде простор за креативност. Со сомневање, ги блокирате креативните токови, а паниката нема да ве доведе до решенија. Наместо ситуацијата да ја гледате како ваш затвор, погледнете ја како можност да докажете како сте способни со проблемите да се борите. Кога ќе го надминете стравот, ќе ги согледате сите решенија. Едноставно, тогаш тие пред вас ќе се отворат.

Четврто прашање, „од каде да најдам пари?“  На површина, станува збор за финансии. Но, прашањето доаѓа од чувството дека парите ве штитат од губиток на контрола. Наместо да се занимавате со пари, време е во себе да создадете сигурно место. Првиот чекор е да сфатите дека парите не се извор на сигурност (освен ако немате за основни животни потреби). Одредена количина на пари сигурное одредена  гаранција, но сигурно ќе се чувствувате кога тоа во себе ќе го почувствувате. 

Поврзани блог статии