Нова врска после прекинувањето на старата


Кога и да се прекине врската, настанува период на тага, болка, изневерени очекувања, повредена гордост, безпомошност, чувство дека животот веќе нема да биде убав, среќен. Може да настане и сериозна депресија. Како од сето ова личноста да се опорави, колку време е потребно за повторно да почне да верува дека за неа постои љубов, среќа, смеа? Дали и колку љубовта личноста ја одредува, дали потенцијалните  партнери ќе ги проценува на ист начин?

Крајот на љубовта секој ја доживува на свој начин, а колку тешко ќе го преживува зависи од многу фактори: од интезитетот на врската, личноста на партнерот, убедувања, ставовите за љубовта и животот. Некој се брани со нова љубов, се обидува стариот партнер да го преболи со нов, додека другите емотивно се затвараат, размислуваат за пропадната врска и не одат понатака додека не бидат сигурни дека веќе не постои нешто, што би ги врзувало за старата љубов. Како и да реагирате, потребно е да минете низ фазите на тагување, да си дозволите да плачете, да бидете несреќни и повредени, зошто само така ќе можете да почнете од почеток. Не стравувајте да бидете сами, зошто воопшто не е лошо повремено да се свртите кон себе, кон своите желби и потреби

Новата љубов ќе дојде кога ќе ја посакате и за неа ќе бидете подготвени, а старата ќе остане каде и е местото - во вашите сеќавања. Процесот на тагување после прекинувањето на врската е нормален процес, кој трае извесно време. Работите не се враќаат на старо само после неколку дена. Фазата на тагување е процес кога се преиспитуваат уверувањата и ставовите, потребно ви е време за да сфатите зошто врската ви пропаднала, зошто не сте успеале. Низ фазата на тагување минува и оној кој е оставен и оној кој оставил. Понатака (со нова врска) треба да се продолжи кога претходно ќе се разрешат сите двоумења, ќе се надмине тагувањето и разочараноста, зошто од тоа зависи какво значење ќе и придадете на новата љубов, како ќе ја вреднувате и доживувате (во спротивно новиот партнер ќе го споредувате со оној претходниот). Доколку претходниот партнер го идеализирате, тоа е само знак дека не се случило реално согледување на вистината. Може да се случи и да ги смените критериумите, па заради лутината и изиграната доверба барате личност потполно спротивна од онаа која ве повредила, зошто мислите дека со претходниот партнер  сѐ било лошо.

Кога ќе минат сите фази на тагување, кога ќе почнете да и верувате на сопствената проценка, кога нема да  се плашите од осаменоста, кога ќе станете свесни за своите квалитети и желби и подготвени да го прифатите ризикот на идната врска, за таа нова врска сте подготвени.Но, никој во ниеден момент кога чувствата се измешани, а разумот збунет, не може да биде сигурен што е вистинска одлука. Најчесто, времето покажува дали одлуката била исправна или не. Најдобар „рецепт“ за лечење скршено срце е да се биде искрен самиот кон себе и да се најде средина - да се пушти тагата да биде тука, да се одболедува, за после тоа  да се свртите кон нови емотивни опции.

Доколку ова не се направи и во нова врска се влезе без да се мине низ претходните фази, тогаш новата врска тешко дека ќе успее, што уште повеќе води во страдање, конфузија во однос на емоциите, неможност реално да се согледаат желбите, очекувања, љубовта.