Несоодветни начини на комуникација со вашиот партнер


Кога се расправате со вашиот партнер, може да користите одредени фрази, кои во вашата меѓусебна комуникација, не само што воопшто не ви помагаат, туку го отежнуваат настанатото недоразбирање. Доколку и вие користите некои од следниве фрази, треба да знаете дека во недоразбирањето сте ја внеле кавгата.

1. „Што говориш  за тоа, кога незнаеш “. Ова почесто го изговараат мажите, иако има и жени кои вака ги бранат своите ставови. На овој начин, само сте си ја прекинале комуникацијата и сте ја намалиле можноста другата страна отворено и без вреднување да го изнесе своето мислење. Ако другата страна нешто не знае, упатете ја. На тој начин ќе и покажете дека има погрешно мислење без да се впуштате во дијалог. И кога повторно би разговарале на таа тема, би имале адекватен соговорник.

2. „За тоа ќе говориме друг пат“. На овој начин го прекинувате дијалогот, со изговор дека ќе продолжите. Притоа, другата страна е свесна дека за разговор на таа тема никогаш нема да има погоден момент. Можен начин за ова да се разреши е прецизно да се одреди тој „вистински момент“. 

3. „Зошто ме заморуваш со тие глупости, кога знаеш дека имам многу поважни работи во главата!?“ Со тоа, повторно сте го дескредитирале мислењето на другиот, така што се намалува значењето на неговите преокупации. И оваа фраза го прекинува дијалогот и другиот партнер го фрустрира. Потсетете се дека различни луѓе, различно ги вреднуваат работите и дека она што за вас е бесмислица, на вашиот партнер може да му биде многу значајно. Не е важно дали е нешто објективно значајно, туку како вашиот партнер го доживува тоа нешто.

4. „Ако ти кажам што навистина мислам, ќе се налутиш“. Има парови, кои умеат доста долго време да ги сокриваат своите чувства. Порано или подоцна, за ваквиот однос ќе ја платат цената. Кога ќе се изманифестира вистинската личност, доаѓа до непријатно изненадување. Од таму е важно да се запомне дека ниту еден, особено партнерскиот однос, не е добро да се гради со преправање дека сте нешто, кое што не сте.

Има поединци, кои во комуникацијата ги вметнуваат своите критериуми и на другата личност и ги наметнуваат. Овие лични критериуми се базирани на ригидни норми, кои ги усвоиле како деца, а кои сега како возрасни личности, на другите не им даваат право на различност. Една од формите на ваквата комуникација е онаа во која се сретнувате со изразите „мора“ и „треба“. Ова имплицира на обврска, што кај соговорникот може да предизвика моментално одбивање, затоа што го доживува како напад. 

Поврзани блог статии