Компромис во врската


Врска, во која двајцата партнери се подготвени еден кон друг да се прилагодат е врска во која постои адекватен компромис. Но, ако само еден од партнерите и тоа во континуитет е оној кој прави компромис, таквиот компромис станува лош. 

Кога влегувате во некаква врска, треба да знаете дека одлуките кои ги носите не влијаат само врз вас, туку и врз вашиот партнер. Во врската учите како „јас“ може сосема адекватно да функционира и како „ние“. Но, често се случува  компромис да правите само вие. Несвесно, компромисите претставуваат начин на прилагодување на потребите на партнерот. Долгорочно гледано, тоа не е добро. Кога само едниот партнер прави компромис, со тек на време, самиот себе почнува да се доживува како жртва, станувајќи свесен за тоа дека пречесто бил ускратуван за нешто, за што имал право. Тоа, за самата врска е многу лошо. Незадоволството  од ситуација во ситуација се трупа и неминовно доаѓа до конфликти, кои за односот можат да бидат погубни.

Луѓето кои често се сложуваат да бидат компромисни, паѓаат во сопствената замка на попустливост. Од друга страна, без компромис нема квалитетна врска. Врската ќе функционира сè додека го немате она чувство во себе, дека само вие сте оној/онаа што на другиот се прилагодува. Партнерите кои имаат лоша меѓусебна комуникација и заради тоа им се случуваат конфликти, треба да знаат дека и кога им се нуди компромис, тоа не е доволно. И дека и понатака треба да разговараат. Потребно е секој од нив на еден јасен и недвосмислен начин да ги изрази своите желби, потреби, чувства, но да ја сослуша и другата страна. Од таквите разговори многу често може да се открие како постојат и други решенија, со кои и двајцата партнери ќе бидат задоволни.

Но, ако само вие, а со цел да го задоволите вашиот партнер правите компромиси и притоа лошо се чувствувате, таквиот компромист станува лош. Улогата на жртва која врз себе сте ја превзеле вреди, само ако зад неа првенствено стоите вие самите за себе, а потоа партнерот и врската. Но, ако се жртвувате само заради некаков мир во врската, вашето незадоволство кога тогаш ќе избие на површина.

Од голема важност е и темата на компромисот, односно околу што него го правите. Компромисот нема да послужи како добро решение, ако него го правите околу работи или релации кои ви се многу важни. И секако, не можете да очекувате само еден да прави компромис и своите потреби секогаш да ги остава настрана. Впрочем и личноста која е најтолератна има свои лимити. Кога треба да донесете големи одлуки кои дирекно влијаат на вас, вашиот партнер и вашата врска, треба искрено да разговарате. Ако е возможно ,,најдете се  на половина пат“, затоа што тоа е оној вистински компромис. На тој начин, барем делумно се задоволени потребите и на двајцата партнери.

Да се познава другиот партнер, значи да се знае што нему му е многу важно и околу што тој не сака да се сложи на било каков компромис. Сепак, иако таквите нешта му се многу важни и тој не сака за нив да прави компромис а сепак  ги направил  компромисите, со тек на време ќе почувствува како во врската се загубил самиот себе и незадоволството ќе стане негов постојан пратител. Затоа, почитувајте ги ставовите и вредностите на партерот, но почитувајте ги и своите.

Внимавајте кога и околу што правите компромиси. Понекогаш личноста не умее да препознае дека само таа е онаа која прави компромиси, или пак  не знае како нештата да ги промени.