Кога на партнерот му барате маани


Кога на  партнерот постојано му барате мaани, опседнати сте со ситници од типот што прави или не прави, ако му префрлувате дека не е совршен, тогаш имате проблем – критички перфекционизам. Постојано му говорите, што тој (или таа) би требало да направи.  
         
Вашето постојано „ би требало“ го ставате над партнерот. На овој начин, не само што му испраќате пораки дека не само што со него не се сложувате, туку и тоа дека вашиот партнер нарушил некаков стандард. Ова е заблуда. Вашето мислење е само ваше мислење. Навикнати сте да критикувате (не конструктивно) и кога еднаш ќе почнете, не умеете да застанете. Овде не е важно колку вашиот партнер се труди, работи, за вас никогаш не е доволно, нити добро. Постојано, како партнерот да треба да пополнува некаква дупка која нема дно.

Но и вие самите не стоите добро. Кога сте така негативно расположени спрема партнерот, токму вие самите имате работа со една низа негативни чувства, кои вам ви вршат деструктивно влијание. Кога партнерот постојано го обвинувате, потценувате, критикувате, тоа ви станува основно средство на работа.

Имате недостаток на самодоверба, во животот не сте постигнале лична сатисфакција и се обидувате него да го спуштите на ваше ниво. Доколку досега не успеавте да препознаете дека имате проблем со вашиот критички перфекционизам и со мислење од типот на „ би требало “, еве и други показатели:
1. Ретко, или никогаш не дозволувате било какво прекршување што тој го направил, може да мине неказнето      (независно колку тоа и да е тривијално).
 
2. Себеси се слушате како му говорите: „требаше да ми помогнеш кога бев под стрес.Требаше да го направиш тоа што го сакам, без тоа од тебе да го барам...“.

3. Често кога партнерот го критикувате ги користите зборовите секогаш и никогаш. „Секогаш тоа го правиш“. ,,Никогаш не ми помагаш во кујната“.

4. Често се жалите, како не го добивате тоа што го заслужувате и како животот спрема вас не е фер. Тоа е однесување, кое брзо го пренесувате на партнерот, како тој/таа да е виновен/на за тоа.

5. На неговите критики секогаш реагирате со контранапади. На пример, партнерот ви кажува како сте заборавиле да купите леб, вие наместо да ја слушнете пораката, вашиот критицизам избива на површина и почнувате вербално да го напаѓате.

6. Опсесивни сте во тоа да го натерате да признае дека нешто погрешил, наместо да го сослушате што има да ви каже. Доколку мислите дека на ваков начин партнерот ќе го направите подобар, се лажете. Само го збунувате, го правите нервозен а и ги отфрлувате и вашите легитимни замерки.  А, што е нешто уште побитно - партнерот од себе го оддалечувате. 

Треба да сфатите дека вие треба да се смените. Колку и да го критикувате другиот, тој нема да се смени. Потребно е на себе  многу да работите. 

Поврзани блог статии