Зошто избирате погрешни партнери ?


Иако погрешниот избор на партнерот е производ на вашата потсвест, сепак и затоа постојат следниве причини:

1. Страв од страдање. Од претходната врска носите емотивен багаж. Тоа се вашите стравови, комплекси, очекувања. И тоа, несвесно го носите во секоја наредна врска. За лошото искуство да не ви се повтори, потсвесно бирате партнери кои се „подобни“ за врска, брак. Ги бирате оние, со кои ќе може да ги држите сите конци во вашите раце. Партнери, кон кои не гаите длабоки емоции, за да бидете сигурни во случај на разделба дека нема многу да страдате.

2. Повторување на истите грешки. Вашите партнери се менуваат, но вашите врски многу наликуваат една на друга. Носат исти проблеми, емоции, очекувања. Ако брзате да влезете во нова врска за да ја заборавите претходната или бидејќи ви се допаднал некој нов, ќе ги повторите старите грешки. Наместо тоа, признајте си себеси дека носите болка заради раскинувањето, разочарувањето а потоа преиспитајте во што вие а во што партнерот погрешил во врската.

3. Недостаток на самодоверба. Последица на ова е несвесно да ги намалувате критериумите при избор на партнерот и се откажувате од оние за кои верувате дека „нема ни да ве погледнат“. Така, бирате партнер кој не може ни интелектуално, ни емотивно, ни сексуално да ви парира и положбата во општеството му е испод вашите очекувања. Него, почнувате несвесно да го споредувате со оној кој што ви е идеал, што е извор на незадоволство, и чести конфликти.

4. Нереални очекувања. Кога ќе се прецените себеси и своите можности и стапите во врска со личност која е многу поубава, поуспешна, побогата, позната...и потоа согледувате дека таму не припаѓате. Тоа е т.н. „синдром на принцеза“ кој почесто се сретнува кај жените кои пораснале покрај презафатени родители, па сигурноста ја бараат во принцот од приказните.

5. Потрага за родителите. Иако може да не се сложите, но чести се примерите кога во врската се трага по еден од родителите. Ако сте имале нежен однос со родителот, или сте биле во несогласувања, или тој отсуствувал, ќе се обидете таа празнина да ја пополните со „адекватен“ партнер кој може и воопшто за вас да не е адекватен, освен што ве потсетува на родителот. Како и да е, кога едниот или двајцата родители се почетни точки во барање на партнерот, постои голема можност да завршите со погрешен.

6. Верување во стереотипи. Тоа се оние предрасуди, врзани за тоа колку години имате, а треба да сте во брак, па треба да добиете дете....Следејќи ги стереотипите а и од страв да не останете сами, може да стапите во брак со партнер кој во тој момент тука се нашол а притоа истиот и да не ви одговара.

 

Поврзани блог статии