Брачна врска со проблематични емоции


Замислете ја оваа семејна ситуација: мажот доаѓа од работа, а жената го прашува каков му бил денот. Тој, само одмавнува со рака и оди во купатило. „Цел ден била со децата. Само и фалат уште моите проблеми од работа“, мисли во себе. Замавнувањето со рака е сигнал, кој таа го толкува за „опасно“. Не е ни свесна, дека срцето силно и бие, дека дише кратко и брзо, дека мускулите и се затегнати... „Исклучен е. Нема шанси да допрам до нео“. Стапува во акција. Оди по него. Со повишен тон: „ никогаш за ништо со мене не говориш“. Тој во нејзиниот глас  препознава лутина, вознемиреност. „Морам да останам со ладна глава. Кавгата сега најмалку ми е потребна“. Сега навистина се исклучува, а таа навистина останува во убедување дека пред нос и ја треснал вратата. Што всушност се случува? 

Овој пар е во дисфункционален однос. Жената станала експерт за фаќање на „сигнали“,  кои тој свено или не, ги емитува. Посебно се фокусира на сѐ што би можело да  упатува на тоа дека е отфрлена. Сигналот го толкува како „отфрлена сум, тоа е опасно“, а реакцијата „ти никогаш со мене не говориш“, само е обид да се издејствува демант на заклучокот до кој дошла. Со тоа што тој се повлекува, гледано од нејзин агол и дадена потврда дека е отфрлена.

Во што мажот греши? Кога ќе побегне во купатило и ќе ја затвори вратата, тоа не го прави само од алтруистички мотиви - на огнот да не долева масло. Се работи и за рационализација, со која самиот себеси се поштедува во идентификацијата на сопствениот страв - дека ситуацијата ќе ескалира и дека нема да можат да се „договорат“ и дека веќе ништо не може да направат. Како што жената не го препознава својот страв од отфрленост и го трансформира во лутина заради отфрленост, така  мажот себеси не може да си го претстави сопствениот страв од крај на врската и го трансформира во контрола над можниот крај. 

На двајцата им недостасува способност да ги „фатат“ првобитните емоции. Станува збор за т.н.„ рефлексни емоции“- емоции кои ги имате за сопствените емоции. Тие, се производ на културата, полот, образованието... Тоа се оние од типот: „ако стравот го препознам и го покажам, сите ќе знаат колку сум слаб/а“. 

Емоциите треба да се демистифицираат. Кога се интезивни, ве наведуваат на пристрасност - стремеж само да ги приметувате знаците кои ве упатуваат во нешто сосема спротивно. Во нашиов пример ако жената барем за момент прифати дека треснувањето на вратата не е знак за „отповеќе си“, создадена е можност тој знак да почне на нов начин да го толкува. Ако мажот секој нејзиниот зголемен тон не го толкува како „подготвена сум да си одам“, импулсот да се даде во бегство ќе ослабне.