Чувство на отфрленост


Кога се чувствувате на некој начин отфрлено, најверојатно за таквото чувство другите ги обвинувате. Намерите, зборовите, однесувањата на партнерот, родителот, детето, погрешно ги разбирате и на нив реагирате со појава на чувство на отфрленост.

Кога сте пречуствителни на тоа дека од некого ќе бидете одбиени, на пример од вашиот партнер, тогаш вашата интерпретација на некоја конкретна ситуацијата или воопшто на вашата врска, ја правите само од еден единствен агол - дека партнерот сѐ прави, само за вие да се почувствувате отфрлено. Доколку истиот тој партнер некако го почувствувате дека во еден момент со вас станал далечен, тогаш тоа ќе го објасните дека неговото задоволство од вашата врска се намалило. Никако нема да ви падне напамет дека можеби така се однесува затоа што има некакви грижи, а за истите не сака вас да ве оптеретува или заради некои други нешта се чувствува потиштено, затворенo и слично, а  тоа да нема никаква врска со вас.

Вашето  чувство на отфрленост е ирационално и заради вашето верување дека „никогаш не треба да бидете одбиени“. Ова заблуда може да ја третирате како вистинита и заради неа да направите погрешен избор на партнер (затоа што на пример сте си кажале дека по секоја цена мора да имате нова врска, затоа што во претходната партнерот ве оставил). 

Или на пример, на партнерот на еден пасивен начин сте му овозможиле само тој да донесува одлуки, кои  се однесуваат на вашата врска, па и тогаш кога со таквите одлуки нема да се согласувате. Заради ова, најверојатно се чувствувате незадоволно, а тоа пак се рефлектира на вашиот однос.

Престанете заради стравот од отфрлање, со сѐ да се согласувате. Наместо тоа, искажете го своето мислење, доживување, вашиот став и слично. Каков ќе биде исходот од тоа? Можеби ќе се развие дискусија и ќе се реши проблемот. Можеби партнерот ќе одбие да ве слуша и ќе замине. Така барем ќе имате претстава колку вашата врска е здрава, а колку не е. Преокупирани со стравот од отфрлање, верувате дека и малите грешки кои секој ги прави, кога вие ќе ги направите, дека тоа е нешто катастрофално. Верувате дека заради грешката која сте ја направиле тоа е нешто ужасно, заради кое што од таа личност на некаков начин ќе бидете отфрлени.

На вашиот проблем околу одбивањето, сепак може да гледате и од еден позитивен агол. На пример, сакате со некого да одите на една пијаалок. За да го направите тоа,  може да им се јавите на 10 ваши пријатели, но може и само на еден. Кога е поголема верјоатноста дека ќе бидете одбиени? Сигурно, ако направите само едно јавување за поканата за излегување. Во овој случај, со тоа што сте го презеле ризикот од отфрлање тоа ве водело кон потенцијален успех.