НАША ДОМИНАНТНА ЦЕЛ СЕ ЕДУКАТИВНИТЕ ПСИХОЛОШКИ РАБОТИЛНИЦИ
 
Зошто едукативни психолошки работилници?
Нашата интенција е да ви помогнеме теоретски, но пред сè и практично со примена на различни техники и методи, да ви доближиме нешто за што вие сте животно заинтересирани - ДОБРОБИТНОСТА НА ВАШЕТО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ (што е пак тесно поврзано со вашето физичко здравје).
Што значи да имате добро ментално здравје?

Тоа значи:

  • пред сè да постои ментално отсуство на некакво ментално пореметување, односно да имате позитивен однос кон себе.Кога ќе се соочите со одредени негативни емоции како:бес, страв, тага, вина, срам, тескобност, итн., да не ја загубите контролата;
  • да уживате во своите исполнувачки врски;
  • во друштво да се чувствувате опуштено;
  • да ги почитувате другите, дури и кога со нив не се сложувате;
  • да бидете во состојба да се носите со животните разочарувања, да ги поднесувате проблемите, но и да ги решавате;
  • самите да носите одлуки;
  • да ја превземете сопствената одговорност;
  • да бидете способни да ги смените своите животни ситуации доколку можете или да им се прилагодите доколку неможете;
За кого се наменети овие работилници?
  • За сите оние, кои се интересираат за теми од личен развој и кои сакаат подобро себеси да се разберат, да разберат на кој начин функционира нивната личност, психа, ум.

  • За оние кои сакаат да научат конкретни начини, како да се искористи можноста на умот за остварување на цели, исполнување на својот животен потенцијал и исполнет живот.

  • За оние кои сакаат да научат конретни алатки и техники за оптимално функционирање на умот.

Едукации

Тагови
  •  Едукации
  •  Советување
  •  Емоции
  •  Личен развој
  •  Само развој
Практична примена
 
Центарот Imago-Self на својата веб како и фејсбук страна ве информира за сите тековни како и за сите следни психолошки теми, кои ќе бидат опфатени во нашите психолошки работилници (со конретен опис на подтемите и техниките кои ќе бидат користени).
Кога некоја тема конретно ве интересира, потребно е да го пријавите вашето присуство неколку денови пред одржувањето на едукативната работилница за конретната тема.
Едукативните работилници се организираат во мали групи ( максимално до 12 учесници).
Секоја едукативна работилница се организира еднодневно , во траење од 2 часа ( 120 мин.), или дводневно, во траење од 4 часа ( 240 мин.).
Едукативните работилници ги води м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапервт. 

Области

Она што се одредува како теми за психолошките едукативни работилници, се  од следните психолошки области:

ЕМОЦИИ

- осознајте каков е вашиот емотивен живот
- како со своите емоции да управувате и да ги контролирате
- како да се ослободите од негативните емоции: бес, грижа, вина,     срам, страв, анкиозност, панични напади, тага, губиток
- осознајте ги своите потиснати чувства
- надминете ги емотивните проблеми
- препознајте ја емотивната уцена и манипулација
- емотивна интелегенција
- негативна самопроцена
- научите како да бидете задоволни, исполнети, среќни
- вратете си ја возбудата во животот
- изградите позитивен однос на сè околу вас

ДЕЦА И АДОЛЕСЦЕНТИ

- каде грешат родителите на адолесцентите
- како да се ,,преживее“ адолесцентот
- како да бидете подобар родител
- како да го мотивирате вашето дете повеќе да учи
- како да ја стекнете неговата доверба
- помогнете му на детето да ја изгради самодовербата
- што да правите кога детето ви е срамежливо, гневно, љубоморно,          мрзеливо, разочарано, тажно, исплашено, депресивно
- страв од градинка, училиште, полагање испити
- врските на вашите синови, ќерки

ЛИЧЕН РАЗВОЈ

- стекнете самодоверба и самопочитување
- како да донесувате одлуки
- како добро да се фокусирате
- успешно управување со промените
- откријте ја својата интуитивност
- подобро разберете се себе си и другите
- променете ги своите лоши навики
- редефинирајте ги своите убедувања
- мотивирајте се
- стоп за негативните мисли
- изградите позитивна слика за себе
- излезете од комфорната зона
- решавање на конфликти
- надминете ја неодлучноста
- научите како да поставувате цели, кои ќе ги реализирате
- усогласете ги своите желби, кариера, работа и семејство
- биди сопствена подобра верзија
- ослободете го личниот потенцијал
- самоприфаќање
- научите како себе да се сакате
- станете свесни за своите вредности
- креирајте успех
- научите како да кажете ,,не“
- како да се справите со ,,тешки луѓе“
- мотивираност за работа
- колегијалност

БРАЧНИ И ПАРТНЕРСКИ ОДНОСИ

- брачна комуникација
- недостаток на блискост
- начини на решавање на недоразбирања
- брачен бродолом
- најчести грешки - препознајте ги
- бурни врски
- брак кој не може да успее
- како во нова врска после раскинување
- партнерска криза на средовечност
- емотивно неверство
- развод
- кога љубовта не е возвратена
- зависничка врска
- љубомора
- зошто правите погрешни партнерски избори
- страв од врзување
- формула на романтична љубов