Зголемете ја самодовербата

Не умеете на другите да им кажете „не“. Немате дефинирани лични граници. Постојано себеси се преиспитувате дали сте донеле исправна одлука и дали работите добро сте ги направиле. Сe чувствувате несигурно и имате чувство на помала вредност. Се срамите и се плашите од тоа да бидете отфрлени и критикувани. Имате чувство на помала вредност и вина кога за тоа нема видливa причина. 

Колку пати самите за себе си кажавте дека сте бескорисни, безвредни, непривлечни, губитници? Низ животот се движите сосема уверени дека другите ве сметаат за неспособни и неуспешни. Сте ја загубиле својата лична моќ и независно каква одлука да донесете или по кој пат да тргнете, мислите дека ќе згрешите. Веќе ви станало навика  врз себе да ја превземате целата вина на овој свет, се сметате за неспособни да ги остварите животните цели и редовно го потценувате својот потенцијал и можностите. Несигурноста ве спречува да ги исполните своите желби и станувате уверени дека не заслужувате да бидете среќни.

Колку себеси не се сакате, колкава лоша слика за себе имате? Стравовите ве кочат и се откажувате од превземање било каков чекор кој ќе ве „извади“ од состојбата на ниска самодоверба.

Што е причина за сето ова што ви се случува? Вашата ниска самодоверба! Сега е вистинско време да и кажете и доста е и збогум! Соочете се со предизвикот наречен висока и здрава самодоверба. Дојдете на нашата едукативна работилница: ,,ЗГОЛЕМЕТЕ ЈА СВОЈАТА САМОДОВЕРБА“ која ја организирa Центарот за едукација, советување и личен развој Imago-Self, заедно со м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт. Ви нудиме испробани функционални и конкретни методи, техники и вежби кои ќе ви помогнат да  стекнете самодоверба.

-Престанете да бидете парализиран од својата неодлучност и несигурност 
-Надминете ги потсвесните стравови и сомневања.
-Стекнете оптимизам. 
-Дефинирајте ја насоката  по која во животот ќе се движите.
-Научите како себеси да се сакате и самопочитувате.
-Научете како да носите одлуки без страв и како неуспехот храбро да го прифатите.
-Изградите позитивна слика за себе.
-Станете оптимист.

Дојдете на нашата едукативна работилница и совладајте ги вештините за зголемување и одржување на висока самодоверба- на професионален и приватен план!
 

За работилницата

Датум на одржување: 05.09.2017 (вторник), 18:30 – 20:30 часот

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Сите заинтересирани за учество на оваа работилница, задолжително да се пријават на наведените контакт телефони, најдоцна до 05 ти Септември (вторник) до 14:00 часот
 

 

Наши едукации