Расчистете со вашето болно минато - запознајте го внатрешното дете


Се чувствувате повредено, разочарано, жално, осамено, изолирано  со чувство како другите не ве разбираат и не ви ја даваат подршката која ја очекувате? Неспособни сте да превземете лична одговорност, имате цела низа негативни убедувања и слабости како пречувствителност, лутење,(бес),тага, иритираност и чувство дека сте жртва? Се плашите да кажете „не“? Во односите со другите вашите лични граници се многу слаби? И кога се во пра¬шање врските, имате доста проблеми. Премногу јадете, пиете, пушите, шопингувате, премногу работите и се грижите? Дали другите ги обвинувате за вашата болка? Или можеби сакате вашето минато едноставно да исчезне? Дали во ова можеби се препознавте? Барате некакво решение, излез од ситуацијата во која се наоѓате?

На оваа работилница, која ќе се одржи на 22ри Август 2017 година во Јавна Соба (Public Room) во Скопје, од 18:30 до 20:30 часот, ќе имате можност да научите како чекор по чекор да се вратите во минатото и да ги совладате емотивните рани и болки, кои и денес во себе ги носите. Вашите најболни и најпотиснати чувства се вашите внатрешни деца. Тие во себе го носат вашиот страв, лутина, срам, очајност, тага, осаменост, отфрленост, напуштеност... Како растевте, малку по малку заборавивте на вашето внатрешно дете. А тоа, трпеливо го чекало моментот кога повторно ќе се сретнете. Можеби некогаш и ве повлекло за ракав за да го видите, но вие или не сте знаеле или не сте сакале со него да се сретнете. 

Сега  сте возрасни? Што е поразлично од тогаш? Продолжувате да се однесувате исто така како кога сте биле мали. Низ овие ваши сегашни однесувања го изразувате вашиот страв од љубов, неспособноста да кажете „не“, самокритичноста, срамот, ниската самодоверба, лошата слика за себе....Чувствата кои во себе ги носите од детството се јавуваат во ситуации кои барем по нешто ќе ве потсетат на минатото. А нив, тие „потсетници“ ги има толку, толку многу. И тогаш, тие стари чувства оживуваат и ве враќаат во времето на старите повреди .И така ве држат заробени во вашето минато. Не ви даваат да живеете овде и сега со полни гради. Како да се исцелат таквите и слични на ним чувства? Како да се ослободите од своето минато?Потребен ви е „рецепт“ за тоа?

Ние ќе ви го дадеме! Низ бројни вежби ќе научите како да го запознаете вашето внатрешно дете и со него да  воспоставите дијалог. Ќе научите како да ги излекувате старите рани од минатото. Немојте да се грижите што со години сте го потиснувале и игнорирале. Сега е вистинскиот момент да му испратите љубов и да го прегрнете. Да се сакате себе значи да се негува детето кое некогаш сте биле. Заштите го! Утешите го! Смирете го!
 
 
 
 

За работилницата

Датум на одржување: 22.08.2017 (вторник), 18:30 – 20:30 часот

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Сите заинтересирани за учество на оваа работилница, задолжително да се пријават на наведените контакт телефони, најдоцна до 22ри Август (вторник) до 14:00 часот
 

 

Наши едукации